Бројот на работниците во индустријата во септември годинава, во однос на истиот месец лани, е намален за 1,4 отсто. Додека бројот на индустриските работници во периодот јануари - септември оваа година, во споредба со истиот период 2009 година, е помал за 5,4 проценти. Минатиот месец цифрата на вработени во преработувачката индустрија е пониска за 1,5 отсто, во секторот снабдување со електрична енергија, гас и вода за 1,6 отсто, а во секторот вадење руди и камен е повисока за 0,6 проценти.
Бројот на работниците во индустријата во септември годинава, во однос на истиот месец лани, е намален за 1,4 отсто, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика.
Додека бројот на индустриските работници во периодот јануари - септември оваа година, во споредба со истиот период 2009 година, е помал за 5,4 проценти.
Минатиот месец цифрата на вработени во преработувачката индустрија е пониска за 1,5 отсто, во секторот снабдување со електрична енергија, гас и вода за 1,6 отсто, а во секторот вадење руди и камен е повисока за 0,6 проценти.